Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМакрон контра Меркел: Турција останува важен партнер на ЕУ

Макрон контра Меркел: Турција останува важен партнер на ЕУ

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека Турција останува важен партнер на Европската Унија и оти врските треба да бидат сочувани и покрај тоа што земјата во последно време се движи во непосакуван правец.

– Реално гледано, Турција се оддалечува од Европската Унија во текот на последните месеци и ја премина границата, на начини кои не можат да се игнорираат, особено во поглед на царинската унија – вели францускиот претседател во интервју за денешното издание на грчкиот весник „Катимерини“.

Тој истакнува дека Турција е клучен партнер во многу кризи пред кои Европа е исправена, особено предизвиците кои произлегуваат од миграциските бранови и од терористичката закана.

Изјавата на Макрон доаѓа откако германската канцеларка Ангела Меркел во неделата рече дека треба да се прекинат преговорите на Турција за членство во ЕУ.