Friday, Apr 26, 2024
HomeИздвојувамеВидео: 5-те најопасни хакери на сите времиња

Видео: 5-те најопасни хакери на сите времиња

Најопасните хакери на сите времиња на едно место. Некои довеле до работ на нуклеарна катастрофа, некои речиси предизвикале интернационални конфликти.

Кевин Митник, алиас „The condor“ започнал со хакирање многу млад, хакирајќи го системот за метро за да се вози бесплатно, завршувајќи со хакирање на Пентагон и извлекувајќи информации вредни милиони.

Метју и Ричард се дуото од Англија кое успеа да го хакира Пентагон и да собира информации како воени симулации за подоцна да започнат да ги пресретнуваат пораките испраќани од агенти на САД во Северна Кореја.

Сигурно сте чуле за „Анонимуси“, тие се хакери со „бела шапка“(хакирање за добри цели) кои се борат против политички заговори и обелоденување на вистината.

Хакерот под алијас „Astra“ чие име не е познато, пола век има „крадено“ софтвер и информации за креација на оружје кои подоцна ги продава во Бразил, Јужна Африка, низ блискиот исток за на крај да се прошири низ целиот свет.

Еден од најбрилијантните хакери, Гери МекКинон ги нападнал серверите на НАСА само за да открие докази за постоење на НЛО за кој тој тврди дека ги пронашол.