Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМакрон како Хилари под закана од хакирани илјадници мејлови

Макрон како Хилари под закана од хакирани илјадници мејлови

Во Франција се реализира речиси истото сценарио како при американските избори во ноември кога непосредно пред гласањето Викиликс објави стотици документи за Хилари Клинтон кои дојдоа по пат на хакирање на нејзините мејлови и на комуникацијата на нејзините соработници.

Сега на удар е напредниот кандидат Емануел Макрон и од учесниците во неговиот изборен штаб се украдени илјадници мејлови преку добро организиран и координиран хакерски напад зад кој најверојатно стои Русија.

Изборниот штаб на Макрон потоа соопшти дека пред неколку недели биле украдени автентични документи, што потоа биле измешани со лажни документи за да се предизвика сомнеж и дезинформации.

Како што се наведува, овие документи не претставуваат причина за загриженост туку покажуваат нормално функционињање на претседателската кампања.

Тие тврдат дека оние кои ги објавиле мејловите сакаат да ја поткопаат кампањата на Макрон на само неколку часа пред вториот круг од изборите, што се оддржуваат во недела, пренесуваат британските медиуми.

Портпаролот на француското Министерство за внатрешни работи не сакаше да ги коментара наводно хакираните мејлови од кампањата на Макрон, бидејќи камапњата веќе заврши.