Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВељаноски за вторник закажа координативна средба во Собранието

Вељаноски за вторник закажа координативна средба во Собранието

Трајко Вељаноски закажа координативна средба на претставниците на парламентарните политички партии во вторник, идната недела, во 12 часот, соопшти прес службата на Собранието.

„Денес во Собранието на Република Македонија ми беше доставено барање од 67 пратеници за закажување на продолжение на Конститутивната седница на деветтиот парламентарен состав, започната и прекината на 30 декември 2016 година. Од тие причини, а после извршените консултации со овластените претставници на политичките партии застапени во парламентот, закажав координативна средба за вторник, 21 март 2017 година, во 12 часот“, пишува во соопштението потпишано од Трајко Вељаноски, претседавач со Конститутивната седница на деветтиот парламентарен состав.

На координативната средба треба да биде утврден предлогот за состав на Комисијата за прашања на изборите и именувањата кој ќе послужи како основа за закажување на продолжение на Конститутивната седница на Собранието на Република Македонија.

СДСМ денеска ја поднесе иницијативата за продолжување на собраниската седница. Генералниот секретар на партијата, Оливер Спасовски информираше дека доставиле 67 пратенички потписи „и покрај тоа што деловникот ова не го бара и не налага таква обврска за да продолжи конститутивната седница“.