Friday, Jan 19, 2018
HomeДЕНЕШНАПолитикаПратениците незаконски се приведени, оцени Мемети

Пратениците незаконски се приведени, оцени Мемети

Idzet Memeti

Народниот правобранител Иџет Мемети обвинува дека судиите на претходна постапка, Весна Димишкова и Ненад Савевски, ја злоупотребиле мерката притвор и ја употребиле како казна за пратениците осомничени за Крвавиот четврток што се случи на 27 април во Собранието.

Тој исто така вели дека полицијата не смеела да ги приведе пратениците, бидејќи имале имунитет.

– Се работи за прекршување на членот 19. од Правилникот за вршење на полициски работи во кој се вели дека доколку лицето покаже статус со кој му се дава имунитет, не смее да биде приведено, утврдил Мемеди.

Тој доставил препорака до министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во која бара да се спроведе целосна постапка за испитување на начинот на постапување на полициските службеници.

Преставката за нарушување на правата на пратеничите народниот правобранител ја добил од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ потпишана од 33 пратеници.