Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВаршава како под воена опсада за Самитот на НАТО

Варшава како под воена опсада за Самитот на НАТО

Од одржувањето на новиот Самит на НАТО во Варшава за Македонија најитересно за следење може да биде само нивото на безбедност, ангажирањето на голем број на безбедносни служби кои би спречиле терористички напад, како и можеби некој политички гаф, бидејќи покана за членство секако, нема да добиеме и овој пат.

nato warsaw summit

Полската престолнина Варшава е претворен во строго чувана тврдина заради самитот на НАТО, што ќе се одржи утре и задутре. Двометарски железен ѕид веќе го опколи Националниот стадион, што ќе биде клучното место за средбите на свестките лидери, а полицајци во жолти флуоресцентни елеци се разместени на секои 10 метри кај стадионот од страна на реката Висла.

Од денеска мостовите околу стадионот и улиците во градскиот центар ќе бидат затворени за движење. По брегот на реката Висла полицајци на коњи, во двојки, веќе патролираат по песочните плажи. Зад баровите на плажите повеќе десетици железни огради чекаат да бидат разместени.