Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСакаме ЕУ во февруари да одреди датум за почеток на преговори со Македонија, порача Сијарто

Сакаме ЕУ во февруари да одреди датум за почеток на преговори со Македонија, порача Сијарто

Следниот самит на НАТО е незамислив без прашањето на проширувањето, а сакаме и ЕУ во февруари да одреди датум за почеток на преговори со Македонија, изјави денеска министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто, Петер Сијарто на заедничката прес-конференција со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.

– Унгарија и натаму ќе дава поддршка за Македонија и земјите од Западен Балкан и ја знае разликата. Ја знаеме разликата меѓу мирна состојба во регионот и немирна состојба. Сакаме овој регион да биде мирен, сакаме Западниот Балкан да биде извор и средство за натамошен европски развој, наместо ризик за Европа. Состојбите во Западниот Балкан можат да се надминат со неговата интеграција во НАТО и ЕУ. Знаеме дека Македонија и македонскиот народ веќе доста направија за да се интегрираат во ЕУ и НАТО и Унгарија останува најгласниот поддржувач на напорите за интеграцијата на Македонија и во ЕУ и во НАТО. Би сакале на следниот самит на НАТО да се најде на дневниот ред проширувањето, рече Сијарто.

Димитров се заблагодари за силната поддршката од Унгарија за евроатлантските интеграции на Македонија и истакна дека новата влада за кратко време успеала да го подобри квалитетот на односите со меѓународните партнери, особено со земјите од Европската Унија.

– За кратко време успеавме да внесеме нов квалитет во односите со ЕУ. Го запознав министерот и со политиката на добрососедство и нашата инвестиција во добрите односи со соседите. Цврсто сме решени да направиме се што може да не го пропуштиме следниот воз за Европа што се отвора во 2018 година, рече Димитров.

Сијарто и Димитров исто така разговарале за зголемената економската соработка меѓу двете земји, која е во постојан пораст. Сијарто, министерот Сијарто нагласи дека трговската размена меѓу двете земји минатата година пораснала за 45 проценти, а во првите девет месеци од годинава таа бележи раст 47 проценти. Унгарскиот министер рекол дека постои интерес за соработката во областа енергетиката, како и во областа на проекти за отпадни води.

Министрите денеска потпишаа и Акциски план за соработка во 2018 година меѓу МНР на двете земји со конкретни форми и активности за унапредување на соработката во повеќе области.

Шефот на унгарската дипломатија во текот на денот ќе има средби со претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Парламентот, Талат Џафери, премиерот Зоран Заев и вицепремиерите Бујар Османи и Кочо Анѓушев.