Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВангеловски е запрепастен од проблемите во правосудството

Вангеловски е запрепастен од проблемите во правосудството

Запрепастен сум од листата на проблеми, со кои што денес ме запозна делегацијата на адвокатска комора. За време на разговорот констатиравме дека Врховниот суд може многу да помогне во решавањето на истите – изјави претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски по денешната средба со делегацијата на адвокатската комора предводена од Никола Додевски.

Додевски пак рече дека не разговарале за конкретни предмети и истакна дека проблемите на адвокатите се системски и како такви треба да се решаваат. Иако не се спомнаа конкретни проблеми со кои се соочуваат адвокатите, Додевски го нагласи односот и последните случувања помеѓу адвокатите и нотарите како и односот на некои судови кон адвокатите во тек на разни постапки.

Вангеловски денес оствари средба со првиот човек на РЈО, Марко Зрлевски, а средбата со специјалната обвинителка Катица Јанева беше одложена, поради како што објасни Вангелоски, неодложни обврски на Јанева.