Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионУбиен Авганистанец во тепачка меѓу мигранти во Атина

Убиен Авганистанец во тепачка меѓу мигранти во Атина

Еден Авганистанец е убиен во насилни судири што синоќа избувнаа во центарот за бегалци и мигранти во Елинико, во јужниот дел на Атина.

Според првичните извештаи, како што јави дописникот на МИА од Атина, неименуваниот човек бил избоден со нож и претепан за време на тепачка со група сонародници.

Тој починал неколку часа подоцна во болница, а докторите соопштија дека претрпел сериозни повреди на главата.

Уште двајца мигранти кои учествувале во тепачката што се случи на поранешниот аеродром во Атина, добиле медицинска помош за помали повреди.

Полицијата веднаш стигнала на местото на инцидентот, а истрагата е во тек.