Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗапочнуваат локални кампањи за меѓусебно разбирање на локалните жители и мигрантите

Започнуваат локални кампањи за меѓусебно разбирање на локалните жители и мигрантите

Во Скопје, Куманово и Гевгелија од месец април започнуваат локалните кампањи во насока на подобрување на политиките и услугите за бегалцит е мигрантите на локално ниво. Организациите кои работат на оваа тематика заедно со Локалните мрежи за поддршка на интеграција на бегалците ќе организираат низа активности преку кои придонесат да се лоцираат потребите и предизвиците во процесот на интеграцијата на локално ниво за мигрантите.

IMG_0670

Локалните кампањи кои во наредните месеци ќе се спроведуваат се дел од регионалниот проект „Создаваме заедно: Мониторинг и застапување на заедницита“ кој е поддржан од Европска Унија, реализиран од Фондација „Конрад Аденауер“, здружението „АТИНА“ и Здружение на правници на Република Македонија. Проектот се реализира од јануари 2017 година во Србија и Македонија, во 10 општини во кои има најголем број на бегалци во двете земји.

„Ние би сакале нашите држави да се креаираат услови за бегалците кои што би сакале да можат да останат и да бидат интегрирани во заедницата. Работиме на тоа да нашите граѓани ги разберат потребите на бегалците, да не даваат отпор на идејата за интеграција, со тоа што да покажеме дека заедно можеме да живееме подобро“ додаде Александра Галоња, која го раководи проектот Создаваме заеднo.

Локалните кампањи се насочени кон поголема интеракции на мигрантите и барателите на азил со со заедницата како и на заеднички активности на жителите и мигрантите, се со цел да се намалат социјалните дистанци. Во Скопје ќе се одржат работилници за деца на училишта возраст од локалната средина, додека во Куманово ќе се реализира проектот „Запознај ме! Почитувај ме!“ кој ќе има за цел да ја ги намали стереотипите помеѓу локалното населени и мигрантите. Од друга страна во Гевгелија ќе се направи првото сеопфатно истражување за ефектите кои бегалската криза ги имаше врз локалното население и локалната самоуправа.

Во Србија овој проект се спроведува во Прешево, Врање, Ниш, Белград, Шид, Суботица и Сремска Митровица, во кои наредните недели ќе се реализираат кампањи за сензибилноста на темата во јавност за потребите на вклучување на мигрантите и здруженијата.