Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУапсен внукот на Рафиз Алити за пожарот во „Македонски пошти“

Уапсен внукот на Рафиз Алити за пожарот во „Македонски пошти“

Уапсен е Арменд Фазлиу, внук на потпреседателот на Собранието, Рафиз Алити. Тој денеска е однесен во затворот во Шуто Оризари на издржување казна затвор поради одговорност во пожарот што изби во дирекцијата на „Македонски пошти“ пред две години. Фазлиу во тој период беше шеф на кабинетот на Рафиз Алити, кој ја извршуваше функцијата директор. Судот му одреди казна затвор од две години.

Апсењето на Фазлиу се случува во исто време со шпекулациите дека се формира ново крило во најголемата албанска партија, ДУИ. Случајно или не се претпоставува дека фракцијата е предводена токму од Рафиз Алити. Пред извесно време Алити во интервју за еден медиум изјави дека се потребни реформи во ДУИ, поради што партиски извори се сомневаат дека станува збор за политичка одмазда.