Sunday, May 5, 2024
HomeДЕНЕШНАСветУапсен главниот осомничен за нападите во Париз

Уапсен главниот осомничен за нападите во Париз

Уапсен е главниот осомничен за нападите во Париз од минатиот Ноември, Мохамед Абрини, пренесуваат белгиските медиуми. Според нив, Абрини најверојатно е и терористот со капата, по кого се трагаше заради поврзаност со самоубиствените напади на аеродромот во Брисел на 22-ри Март.

Белгиското обвинителство потврди дека неколку лица биле уапсени заради поврзаност со нападите во Брисел, но при тоа не се соопштуваа други детали. Локалните медиумите тврдат дека Абрини, по кого полицијата трага 5 месеци, бил уапсен во населбата Андерлехт во Брисел. Белгиските власти вчера објавија нова видео снимка од лицето со капата снимено на улиците на Брисел, барајќи помош од јавноста за негово лоцирање.

31-годишниот Абрини, белгиец со мароканско потекло, бил снимен на бензинска станица во Париз, два дена пред нападите во главниот град на Франција, заедно со Салах Абдеслам, кој исто така веќе е во полициски притвор.