Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНападот на Манчестер извршен со ист експлозив како оној од Париз и Брисел

Нападот на Манчестер извршен со ист експлозив како оној од Париз и Брисел

Висок претставник на САД изјави дека експлозивот кој е искористен во Манчестер арената е ист со оној кој бил користен за време на нападите во Париз и Брисел, пишува „Гардијан“.

Републиканецот Мајк Мекол кој претседава со Комитетот за национална безбедност на Конгресот изјави дека во сите три напади е користен експлозивот ТАТП.

Тој вели дека бомбата од Манчестер е „класична експлозивна направа која терористите ја користат“, истакнувајќи дека според „нивото на софистицираност“, може да значи дека тој која ја изработил бомбата имал странска обука.

Исто така, тој навел дека доказите кои досега се собрани укажуваат дека Манчестер не е случај на „вол самотник“.

За време на нападот, кој се случи после концертот на Аријана Гранде во Манчестер, загинаа 22 лица, а повредени се 119 лица.