Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУапсени напаѓачот на Села со неговиот татко

Уапсени напаѓачот на Села со неговиот татко

Рано утрово е уапсен К.Г., главниот осомничен за нападот врз Зијадин Села, пратеник и лидер на Движењето за реформи на ДПА, објави КОХА.  Заедно со него е уапсен и неговиот татко, човек со мустаќи кој што се гледа во првичните снимки кои ги објавија медумите од нападот во Собарнието.

Георгиевски и неговиот татко, како што дознава КОХА од полициски извори, се гледаат на повеќе видео снимки од безбедносните камери во Парламентот како го удираат Села во лицето. Во меѓувреме вчера е идентификувани трет напаѓач – лице со капа на главата, кој се гледа како го влече Зијадин Села. Лицето на овој човек не се гледа на снимките објавени од страна на медиумите. Станува збор за едно лице од Гостивар коe живее во населбата Ѓорче Петров во Скопје.