Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТоплиот пречек во Грција со ладни резултати за односите

Топлиот пречек во Грција со ладни резултати за односите

Денешната посета на министерот за надворешни Никола Попоски во Атина иако во временски рамки може да се оцени како историска сепак, не донесе ништо значајно во односите со Македонија, ниту пак ги доближи позициите за решавање на спорот за името.

Првиот македонски дипломат по службените средби со колегата Коѕиас и преставници од грчкиот државен врв оцени дека за надминување на меѓусебните проблеми ќе треба да се искачат големи планини и се уште постојат многу суштински разлики. Сепак, од посетата на грчката престолнина има сигнали за подобрување во неколку области.popovski1„Разговаравме и за подиректна соработка во делот на европските интеграции. Надвор од спорот со Грција можеме да споделиме искуства кои можат да ни бидат корисни во процесот на пристапување кон Унијата“, изјави министерот Попоски.