Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев во прва официјална посета на Косово

Заев во прва официјална посета на Косово

Премиерот Зоран Заев утре ќе престојува во еднодневна официјална посета на Косово. Во Приштина тој ќе се сретне со неговиот косовски колега Рамуш Харадинај, а ќе има средби и со претседателот на Косово Хашим Тачи и со претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели.

За време на престојот во Косово, предвидено е Заев да има средба и со претставници на македонско-косовската бизнис заедница.

Во македонската делегација, што ја предводи премиерот Заев, ќе бидат и министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерот за култура Роберт Алаѓозовски, како и министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми.