Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев на почетокот на следната година ќе ја посети Атина

Заев на почетокот на следната година ќе ја посети Атина

Премиерот Зоран Заев, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, најави дека на почетокот на следната година планира да ја посети Атина.

Тој рече дека во тој период ја планирал посетата на Атина за да се сретне со премиерот Алексис Ципрас, министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас, но и со грчки пратеници.

Заев во интервјуто вели дека за државата не постои друга алтернатива од влез во ЕУ и во НАТО и поради тоа, изминатите шест месеци, владата ги подобрила односите и со соседите и со земјите од НАТО и од Европската Унија.