Wednesday, May 8, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалТепачка на натпреварот Вардар-Шкендија, четворица повредени

Тепачка на натпреварот Вардар-Шкендија, четворица повредени

Хаос на терените. Генералниот директор на фудбалскиот клуб „Шкендија“ И.Р. (46), еден полициски службеник и уште две лица се повредени на вчерашниот натпревар Вардар – Шкендија на арената „Филип Втори Македонски“ во Скопје.

Според МВР, дел од навивачката група на ФК „Вардар“ се обидела физички да се пресмета со лица од раководството на ФК „Шкендија“ сместени во ВИП ложата на јужната трибина, од каде го следеле натпреварот заедно со раководството од ФК „Вардар“. По преземени мерки од полициските службеници, навивачите биле потиснати, а раководството на ФК „Шкендија“ било префрлено на безбедна позиција на арената „Филип Втори“. Притоа, никој не се пожалил на повреди.

При интервенцијата, на повреда во пределот на коленото се пожалил полициски службеник кој бил префрлен во ГОБ 8-ми Септември за укажување лекарска помош. Истиот ден во 20:50 часот од Полициската станица – Тетово во МВР било пријавено дека во Клиничкиот центар – Тетово за преглед се пријавиле три лица кои биле повредени на натпреварот, генералниот директор на „Шкендија“, кај кого бил констатиран оток во задниот дел на главата, А.К. (54) од село Мала Речица, кој имал видливи повреди, и Ф.А. (44) од село Порој, кај кого биле констатирано црвенило во пределот на десната надлактица. По укажаната лекарска помош сите се пуштени на домашно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.