Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТалибанците благодарни на САД за уништување на ИСИС

Талибанците благодарни на САД за уништување на ИСИС

Талибанците во Авганистан можеби се уште не се најдобрите пријатели со САД со кои војуваа до пред неколку месеци, но се благодарни за воздушните напади против локалната терористичка група на ИСИС за која се тврди дека целосно е уништена.

taliban fighters

Заедничкиот непријател ги обедини и владините сили на Авганистан кои не сакаат никакво присуство на ИСИС во нивната држава и на прес конференција пренесоа дека главните лидери на милитантите се убиени од нападите со дронови на американската војска.

„ Со убиството на Хафиз Сајид, Гул Заман и Шахидула Шахид, главните лидери на ИСИС и Данеш, базата на оваа организација е целосно уништена“ изјаци Абдул Хасиб Седики портпаролот на Министерството за одбрана на Авганистан.

Унаку Американската армија и НАТО се уште немаат официјални потврди дека лицата убиени во воздушните напади навистина се наведените лидери на ИСИС и ќе бараат повеќе докази од авганистанската влада за идентификација на загинатите.