Saturday, Apr 27, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузејТајните тунели на Черчил отворени за јавноста

Тајните тунели на Черчил отворени за јавноста

Мрежата од тајни воени тунели во Довер, на југоистокот од Англија, која во времето на Втората светска војна е ископана по наредба на британската влада за одбрана од морнарицата на нацистичка Германија, отворена е за посетители на кои им се дава увид во „првата борбена линија на одбраната на британската територија“.

Огорчен од тоа што германските воени бродови му пловат „пред нос“, тогашниот британски премиер Винстон Черчил наредил во јули 1940 година да се изградат тунелите и за помалку од сто дена бил ископан комплексот наречен „Fan Bay Deep Shelter“ на 23 метри под земјата. Од него 185 војници и четворица офицери со топови возвраќале на бомбардирањето од германските топови.

Picture   Paul Webb   Winstion Churchill at the operation Dynamo HQ during the war  Operation Dynamo Exhibition Dover Castle

Picture Paul Webb Winstion Churchill at the operation Dynamo HQ during the war Operation Dynamo Exhibition Dover Castle


Во 1950 година тие тунели со површина од 325 квадратни метри биле напуштени, а во 1970-те години и целосно затворени до 2012 година кога комплексот го откупила „National Trust“, британска агенција за заштита. По 18 месеци реставраторски работи, од 20-ти јули во функција се тунелите до кои посетителите ги водат 125 скалила.

Денес пустите ходници се зајакнати со метални лакови, влажни поради кондензацијата и со постојана температура од 12 Целзиусови степени, некогаш биле вистински „мравјалник“. Во нив воениот живот се одвивал колку што тоа било можно во воени услови и под земји за што сведочат расфрлани телеграми, тикети за обложување и графити.