Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСветФранцузите не ги засегаат хакнати мејлови – Макрон победи

Французите не ги засегаат хакнати мејлови – Макрон победи

Со освоени 65,1% од гласовите во вториот круг, наспроти 34,9% за десничарката Марин Ле Пен, Французите го избраа независниот кандидат од центарот Емануел Макрон за Претседател на државата.

39-годишниот Макрон, поранешен министер за економија во владата на социјалистот Франсоа Оланд, е про-ЕУ и вети дека ќе го растресе францускиот политички систем.

Сепак, резултатот на Ле Пен е историски највисок за француската крајна десница. И покрај неубедливата кампања и слабиот настап во последната ТВ-дебата, таа успеа да освои над 10 милиони гласови, двојно повеќе од нејзиниот татко Жан-Мари Ле Пен, кој учествуваше во вториот круг од претседателските избори во 2002 година.

Непосредно пред вториот круг претседателски избори, во јавноста протекоа хакирани мејлови на Макрон, како што беше случајот со Клинтон за време на изборите во САД, но за разлика од Американците, францускиот електорат, очигледно не ги зеде овие мејлови предвид и мнозинството гласови му припаднаа нему.

Макрон ќе биде најмладиот претседател на Франција и ја презеде земјата во вонредна состојба по серијата терористички напади. Освен тоа, тој ќе се соочи и со стагнирачка економија и голема невработеност.