Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСуспендирани анестезиолозите од гевгелиската болница

Суспендирани анестезиолозите од гевгелиската болница

Суспендирани се двајцата анестезиолози од Гевгелиската болница заради смртта на родилката и нејзиното бебе. Гинекологот кој бил на породувањето е вработен во болницата во Струмица и доаѓал во Гевгелија по потреба.

За сега нема показатели дека тој е одговорен за смртта на родилката. Од болницата во Струмица велат дека ќе чекаат да видат што ќе покаже истрагата на Министерството за здравство и на Лекарската комора и врз основа на тоа ќе одлучуваат.

Се уште неофицијално, телевизијата Сител објави информации дека во крвта на анестезиологот имало над 2 промили алкохол.