Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеНападнато обезбедувањето на болницата „8 Септември“

Нападнато обезбедувањето на болницата „8 Септември“

Обезбедувањето на Градската општа болница „8 Септември“ било физички нападнато во вторникот од повеќе лица кои дошле со два автомобила, од кои едниот БМВ, по што избегале.

По кратко време, од страна на полициски службеници возилото БМВ било запрено на подрачјето на ПС Бит Пазар, при што приведен е М.Р. (27) од с.Батинци, Скопско, додека другите две лица избегале со непознат автомобил.

Во ГОБ „8 Септември“ лекарска помош побарале лицата А.Л. (30), Е.К. (27), С.А. и А.Л., сите вработени во Агенција за обезбедување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.