Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЌе се укине забраната за продажба на алкохол по 19 часот

Ќе се укине забраната за продажба на алкохол по 19 часот

Министерството за економија на вчерашната владината седница ја презентираше информацијата за изменување на Законот за трговија во согласност со иницијативата на посетените компании во рамки на проектот „Учиме од бизнис-заедницата“.

„Со информацијата, Министерството за економија во рок од два месеци треба да достави предлог за изменување на Законот за трговија за укинување на времето за продажба на алкохол и за укинување на ограничувањето, односно забраната на продажба на алкохол во киосци, за кои ќе се издава лиценца“, стои во соопштението од владината седница.