Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСтивен Сегал во Белград ќе ги тренира српските специјалци

Стивен Сегал во Белград ќе ги тренира српските специјалци

Познатиот американски актер Стивен Сегал вчера пристигна во Белград во улога на амбасадор на фондацјата „Уметност, слобода, сила“. Вчера белградскиот градоначалник, Синиша Мали со кој разговарал за можна соработка во различни области, а денеска остави средби со претседателот, Томислав Николиќ и премиерот Александар Вучиќ.

Разговарале за соработка во полето на филмот, договориле и Сигал да одржи обука на Специјалните единици на полицијата на Србија, како аикидо мајстор. Актерот изразил желба да отвори школо за аикидо во Србија со цел да ја промовира таа боречка вештина. Сигал во рамките на посетата на Србија посетил и дом за деца без родители. Актерот во Белград ја прими наградата за добродетелство и хуманитарно делување на фондацијата „Браќа Кариќ“.
stiven-sigal-predlogot-na-putin-1Она што е интересно во неговата посета е неговата наклонетост кон домаќинот. Тој изјави дека Србија претрпела ужасна неправда во новата историја и дека во САД се уште има предрасуди за Србите и погрешни уверувања за случувањата во 90-те. Исто така, истакна дека ќе помогне тоа да се промени преку најразлични активности кои планира да ги започне во оваа земја.

Инаку, Стивен Сегал е познат и по јавната наклонетост кон рускиот претседател, Владимир Путин. Тој јавно ја поддржа руската анексија на Крим, а во обраќањето при доделувањето на наградата, не можеше да не го спомене Путин. Холивудскиот актер изјави дека му е чест што прима награда која претходно ја примиле големи лидери како рускиот претседател.