Friday, Apr 26, 2024
HomeСТУДЕНТУМСтипендии за 500 студенти на штипскиот универзитет

Стипендии за 500 студенти на штипскиот универзитет

Петстотини студенти од Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ ќе добијат стипендии во висина на партиципацијата.

– Тоа е Фонд кој засега го финансира бизнис секторот од земјава. Сакаме да најавиме дека во текот на зимскиот семестар 2015-2016 година, Фондот ќе распише оглас за доделување на 300 стипендии за студенти на универзитетот „Гоце Делчев“ и за во текот на летниот семестар уште 200 стипендии, значи тоа е таргет на УГД 500 стипендии да бидат дадени на студентите и тоа на најдобрите. Не е намерата да стимулираме, да речеме просечност, туку нашата намера е да ги стимулираме најдобрите – вели Блажо Боев, кој од септември треба да стапи на новата функција ректор на штипскиот универзитет.

Тој додава дека стипендијата за еден студент ќе изнесува 200 евра, а ќе бидат опфатени студентите од втора до четврта година од сите факултети и академии на универзитетот без селективен пристап.