Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСпасовски: ВМРО-ДПМНЕ ја опструира Македонија и не сака да функционира Собранието

Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ ја опструира Македонија и не сака да функционира Собранието

Нема поместување во однос на деблокирањето на институциите,  изјави попладнево генералниот секретар на СДСМ и пратеник, Оливер Спасовски.

Вели дека побарале да продолжи седницата со 67 потписи од пратеници.  Спасовски објаснува дека откако прифатиле ВМРО-ДПМНЕ да има 6 члена во комисијата за избори и именување, партијата  побарала да има претседател во комисијата.

„ВМРО-ДПМНЕ ја опструира Македонија. Не сака да функционира Собранието со цел да си ги зачуваат сопствените места“ – вели Спасовски.

Тој објасни дека Собранието бира кој ќе биде претседател, кој заменик претседател, а кои ќе бидат членови во комисијата, во согласност со деловникот.

Утре на пладне ќе продолжи координацијата со екс-претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.