Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСобранието ги констатираше оставките на Пендаровски, Ковачевски и Ибраимовски

Собранието ги констатираше оставките на Пендаровски, Ковачевски и Ибраимовски

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешната седница ги констатираше оставките на пратениците Стево Пендаровски и Васко Ковачевски како и на министерот без ресор во Владата, Самка Ибраимовски.

По констатирањето на оставките, Џафери ја прекина седницата до 13.30 часот до кога Државната изборна комисија треба да достави известување, на кои пратеници на изборните листи, ќе им биде верификуван мандатот.

Пратеникот Пендаровски поднесе оставка бидејќи ќе биде национален координатор за НАТО, а Васко Ковачевски е назначен за генерален директор на РЕК Битола.

Денеска на пленарна седница се очекува и дебата за предлог-буџетот за 2018 година.