Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСлики и видео: Oган врз ТРТ, парламентот и тајната полиција, големи престрелки во Истанбул

Слики и видео: Oган врз ТРТ, парламентот и тајната полиција, големи престрелки во Истанбул

Тотален хаос на улиците на Истанбул откако армијата се обиде да спречи ширење на масовни протести од демонстрантите кои се уште го поддржуваат Ердоган. Видеа на социјалните мрежи од граѓани прикажуваат како воен хеликоптер отвора оган најверојатно во зградата на државната телевизија ТРТ како и кај новинската агенција Анадолу.

 

Други, пак сведочат дека војската со артилериски оган гаѓала кон државниот парламент каде се стационирани голем број на владини поддржувачи и функционери, а се пука и врз седиштето на тајната полиција на Турција.

protest erdogan taksim

Размена на оган имало и во централниот дел на Анкара, а се пука и во близина на интернационалниот аеродром во Анкара. Срушен е и хеликоптер на „пучистите“ од владин млазен авион.

gragani istanbul vojska

Стотици луѓе излегоа на улиците и дојдoa до централниот плоштад Таксим за да му изразат поддршка на Ердоган. При тоа дојде до големи истрели од засега непознати правци и не се знае кој се учествува во престрелките.

gragani tenk istanbul  istanbul gragani ulica

Дел од граѓаните со еуфорија ги поздравија војниците на улиците, додека пак други сосема разбирливо скандираат „Уаа“. Некои од нив успеа да „заробат“ неколку оклопни возила по што полицијата ги уапси ангажираните војници.

gragani istanbul aerodrom1

Пучистите ја губат контролата во Истанбул каде граѓаните масовно им се спротиставија во поддршка на Ердоган. Тој слета во аеродромот во Истанбул каде требаше да одржи говор, но небото го надлетуваа неколку воени млазни авиони со предупредувачки маневри.