Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисСинсинати: Со лесна победа до полуфинале за Федерер

Синсинати: Со лесна победа до полуфинале за Федерер

Мастерсот во Синсинати за Швајцарецот изгледа како лесна игра. Роже Федерер успеа без никакви проблеми да се пласира во полуфиналето од натпреварувањето, откако ноќеска успеа да го совлада Фелицијано Лопез со 2:0 во сетови (6:3 и 6:4).

Негов противник за влез во големото финале ќе биде Енди Мареј кој во четвртфиналето со пресврт дојде до победа противРишер Гаске (4:6; 6:1 и 6:4).

Вториот полуфинален натпревар ќе го одиграат Ѓоковиќ и Александар Долгополов, а женските полуфинални двојки ги сочинуваат Серена Вилијамс – Елина Свитолина и Симона Халеп – Јелена Јанковиќ.