Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисМареј елиминиран! Шампионскиот товар или повреда на лактот?

Мареј елиминиран! Шампионскиот товар или повреда на лактот?

Енди Мареј се мачеше во првиот натпревар во Монте Карло против Жил Милер, а денес е елиминиран од турнирот Мастерс во Монте Карло од Шпанецот Алберт Рамос. Дали британецот не може да се справи со товарот број еден рекет во светот или се уште чуствува повреда во лактот што ја влече веќе некое време?

Се чинеше на почетокот дека Мареј лесно ќе се справи со Рамос, го презеде водството во првиот сет со 6:2, но подоцна следеше голем пад па го загуби вториот сет со идентичен резултат, во третиот сет Шпанецот победи со 5:7, и го елиминира шампионот во осминафиналето.