Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисЃоковиќ ќе го прескокне Синсинати

Ѓоковиќ ќе го прескокне Синсинати

Српскиот тенисер нема да учествува на овогодинешниот турнир во Синсинати, единствениот Мастерс кој му недостасува во кариерата. Тој поради умот и повреда се реши да го прескокне турнирот во Синсинати и после Рио, да заигра на УСА Опен. Ѓоковиќ заврши настапот на Олимпијадата во рио и во дабл конкуренција.

„Жал ми е што загубив, не беше се идеално како што се планираше. Тешко е кога не си 100 проценти здрав“, изјави првиот тенисер на АТП листата. Сепак, Ѓоковиќ додаде дека не очекувал дека толку рано ќе го заврши својот настап на турнирот во Рио.

„Ништо никогаш не е гарантирано во животот, посебно не доколку зборуваме за спортот. Ова не е прв, но ни последен пораз, но тие највеќе болат кога се на Олимписките игри“, порача Новак.