Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисФедерер нема сили да ја доврши сезоната

Федерер нема сили да ја доврши сезоната

Швајцарскиот тениски ас Роже Федерер соопшти дека ќе мора да се повлече од терените до крајот на сезоната што ќе значи дека нема да учествува ниту на Олимпијадата во Рио што пред неколку месеци беше негова главна желба.

„По консултациите со лекарите донесов многу тешка одлука да не се натпреварувам до крајот на оваа година. Мојата намера е и следната сезона да настапувам на АТП турнирите, па мислам дека е важно комплетно да се рехабилитирам по операцијата на коленото која ја имав оваа година“ – изјави Федерер.