Sunday, Jan 19, 2020
HomeДЕНЕШНАПолитикаСинот на Ристо Никовски бара од Заев да му плати за советувањето на Груевски

Синот на Ристо Никовски бара од Заев да му плати за советувањето на Груевски

nikovski-zaev-382893289

Александар Никовски, син на поранешниот дипломат Ристо Никовски, бара од премиерот Зоран Заев да му исплати хонорар како советник на експремиерот Никола Груевски, за мај, јуни и јули 2017 година во износ од 9.000 евра и да му рефундира трошоци за службено патување во мај годинава од 450 евра, пишува СДК.

Груевски не е премиер од јануари 2016 година, според Договорот од Пржино. Но, сите хонорари до мај 2017 година, во износ од по 3.000 евра месечно, Владата на Емил Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ, на советникот на Груевски редовно му ги исплаќала. За тоа време неговиот татко Ристо Никовски беше дежурен жесток бранител на политиките на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ.

На 12 септември Александар Никовски им пишал писмо на шефицата на кабинетот на премиерот Мирјана Јанева и на генералниот секретар Драги Рашковски, со кое си ги бара неисплатените 9.450 евра за мај, јуни и јули, бидејќи договорот за неговиот ангажман како советник на Груевски, се уште бил во сила. Барал за три дена да му бидат исплатени хонорарите.

– Нема да му бидат исплатени тие 3.000 евра за јуни и секако за јули. Нека тужи, судот ќе каже дали се плаќа за неодење на работа“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК Драги Рашковски.

Во писмото Никовски ги потсетува Заев и Рашковски дека на 30 јуни побарал да му биде раскинат договорот за функцијата советник на премиерот, надворешен соработник – консултант за странски инвестиции. Тврди дека добил одговор од него дека договорот се раскинува дури на 24 јули, а наводно со датум од трети јули.

– Александар Никовски за две години потрошил 60.000 евра само за патување. Дополнително му биле исплаќани секој месец по 3.000 евра хонорар, две години. По 20-30.000 денари Владата му плаќала и сметки во ресторани – кажа Рашковски колку чинеле советите што Александар Никовски му ги давала на Никола Груевски.