Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗа Заев оставките на замениците-министри од Алијансата за Албанците биле очекувани

За Заев оставките на замениците-министри од Алијансата за Албанците биле очекувани

Премиерот Зоран Заев рече дека оставката на замениците-министри од Алијансата за Албанците е очекуван чекор откако лидерот на оваа партија, Зијадин Села не ја прифатил понудата од Владата за потпретседателско место за реформи во Владата.

Тој додаде дека нема да брза со разрешување на кадри во институциите како од претходната власт така и од Алијанса за Албанците, бидејќи како што рече, квалитетните кадри треба да останат и верува во капацитетот на тие граѓани.

Заев рече дека очекува што побрзо опозицијата да се врати во Собранието, за заеднички да работат на реформите кои државата ќе ја придвижат кон ЕУ и НАТО. Тој додаде дека пратеничките прашања денеска во Собранието се за пратениците на опозицијата.