Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШења: Пратеник на ДУИ фалсификувал потпис во Собрание за двајца колеги

Шења: Пратеник на ДУИ фалсификувал потпис во Собрание за двајца колеги

Пратеникот од редовите на ДУИ, Муса Ибраими за време на последната седница на Комисијата за финансирање и буџет одржана минатата недела, со потпис на списокот на пратеници потврдил присуство уште за двајца негови колеги кои не се појавиле на седницата – Рамиз Мерко и Јамин Синани, објави Шења.

Инаку, за сите пратеници кои живеат надвор од Скопје, Собранието ги плаќа трошоците за пратениците, но за да добијат пари тие треба да го потврдат присуството со потпишување на седница и фискални сметки од патарините. Па, тала, членовите на Собранието кои патуваат со автомобили со бензински горива, земаат надоместо од 18,3 денари по километар, додека оние со возила што користат дизел гориво добиваат 14,7 денари по километар.

Додека течела седницата, пратениците Синани и Мерко воопшто не се појавиле иако колегата ги потпишал на списокот, а новинарот што го објавил прилогот добил навредливи смс-пораки од Ибраими.