Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСеп Блатер „подмитен“ со лажни пари на прес

Сеп Блатер „подмитен“ со лажни пари на прес

ФИФА е еден чуден организам кој може да преживее и во најсуровите услови, а тука мислиме на сите финансиски скандали поврзани со поткуп, мито, нечесен однос и многу други малверзации. Очигледно фановите на фудбалот се немоќни да сторат нешто повеќе за смена на раководството кое ги отфрли сите обвинувања со изговорот „не можеме да контролираме што прават сите наши членови низ светот“. Затоа тука на сцена стапува британскиот комичар Ли Нилсон.

Комичарот Нилсон ја прекина прес конференцијата на Сеп Блатер претседателот на ФИФА со купче лажни пари кои изјави дека се мито за доделување на Светското првенство 2026 во Северна Кореја. Обезбедувањето потоа го отстрани од прес салата, а Блатер беше видно вознемирен.

Инаку ФИФА се сомнева дека добила голема количина на пари за доделување на кандидатурата за светското фудбалско првенство во Катар и Русија, а лицата кои беа уапсени од Американското федерално истражно биро ќе сведочат пред суд.