Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСо пари од ЕУ ќе се решаваат проблемите на општините, вели Шекеринска

Со пари од ЕУ ќе се решаваат проблемите на општините, вели Шекеринска

Заменик-престедателката на СДСМ, Радмила Шекеринска на митингот на СДСМ и Коалицијата во Гостивар кажа дека целта на централната власт е да се приближи на локалната и да биде сервис на општините, за граѓаните да имаат подобри услови за живот.

– Парите ќе ги насочиме за решавање на проблемите во градовите, нема да дозволиме да се трошат стотици евра на сто метри простор во Скопје, додека општините се мачат со нерешени основни услови за живот. Имаме пари од ЕУ за поддршка на општините и решавање на проблемите – рече Шекеринска.

Таа додаде дека централната власт нема да ја малтретира локалната власт туку ќе даде шанса на добар проект и идеја со поддршка и пари. Бизнис-заедницата ќе биде вклучена во дефинирање на приоритетите на општината.

– На 15 октомври нема да бидат обични локални избори, Македонија одлучува за иднината дали ќе се развиваме или ќе се враќаме назад како сиромашна и изолирана земја, во која, само за една група на луѓе ќе има живот – додаде Шекеринска.

За политичките противници таа рече дека „11 години сееле страв и создавале корупција, но правдата доаѓа по своето“.

– Луѓето зад кои стоеше Груевски бегаат од државата или со наведнати глави влегуваат во судовите, бидејќи знаат дека многу зулум и криминал направија – додаде Шекеринска.