Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаВлдата ќе ги решава проблемите во „Колска“

Влдата ќе ги решава проблемите во „Колска“

Владата на денешната седница одлучи финансиски да ја поддржи фабриката за шински возила „Колска“ за да се воспостави редовен тек на работите во фабриката и грижата за работниците, соопшти владината прес-служба.

„За оваа цел на седницата е донесена одлука за измена на распоредот на средствата во посебниот дел утврден со буџетот на Република Македонија за 2017 година, најдоцна до 15 септември“, стои во соопштението.

Одлуката на Владата следи по вчерашната средба на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, со претставниците на „Колска“, каде на вработените со месеци им доцни платата.