Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСелфито на бугарската туристка со охридскиот лебед го згрози светот

Селфито на бугарската туристка со охридскиот лебед го згрози светот

Фотографиите, снимени пред неколку денови во Охрид, а на кои се гледа како туристка „од една соседна земја“, извлекува повреден лебед од водата, наводно, за да се слика со него, и понатаму се повод за коментари, реакции и за осуда по социјалните мрежи и во текстови во македонските и во светските медиуми.

Реакциите се движат од згрозување, до сериозни обвинувања за институциите што дозволиле вакво нешто да се случува пред очите на јавноста. Иако во некои медиуми се појави информација дека лебедот починал, тој и понатаму е на истото место, на влезот во пристаништето кај споменикот Богојавление Водици. Десното крило му е сериозно повредено, вкочането и неподвижно.

lebed1

Во меѓувреме, по бурните реакции во охридската, но и во македонската јавност, веста за малтретираниот и злоупотребен повреден лебед, стигна и до страниците на угледните „Хафингтон пост“, „Дејли мејл“ и „Мирор“. Во текстовите се вели дека туристката е најверојатно од Бугарија. Информација се појави и на британски „Телеграф“, но текстот е повлечен од нивната страница. „Дејли мејл“ пишува дека „птицата не реагирала бурно затоа што лебедите навикнале на присуството на луѓето.

МЕТА