Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМинистерско селфи на пат за Струмица

Министерско селфи на пат за Струмица

Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, на свoјата фејсбук-страница објави фотографија од македонските и од бугарските министри како се возат во комби, со наслов „Добрососедство… #МКБГ во Струмица“.

Освен Шекеринска, на сликата се и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, како и шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захараиева.

Портпаролот на владата, Миле Бошљаковски, вели дека комбињата се користеле за транспорт на министрите во Струмица.