Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСАД предупреди на нова терористичка закана во Европа

САД предупреди на нова терористичка закана во Европа

Безбедносните служби на САД ги предупредуваат своите европските сојузници дека радикалните џихадисти се подготвени за нов силен напад на европско тло кој може да однесе стотици животи и да ја наруши стабилноста. Предупредување испрати и Стејт Департментот кој на американските граѓани им порача ова лето да ги избегнуваат познатите европски туристички дестинации, како и стадионите во Франција на претстојното Европско првенство во фудбал.