Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСАД ќе ги штити Курдите кои се борат со ИСИС од Турција

САД ќе ги штити Курдите кои се борат со ИСИС од Турција

САД се во дипломатска мисија за спречување на нови воени напади на турската армија врз позициите на Курдската армија која се бори во Сирија против милитантите од ИСИС. Вчера во селото Тил Финдир дошло до бомбардирање од турската страна на границата со што Курдите кои се единствени кои имаа теренски успех против ИСИС се доведени во опасност.

Западните сили кои се обединуваат против ИСИС, особено САД, оценуваат дека Турција мора да превземе одговорност и да не ги напаѓа од зад грб Курдите, туку да помогне во поразот на милитантите и да обезбеди безбедна зона каде ќе се одвиваат операции и нивно слободно движење.

istanbul protestii

Јавноста во Турција има се поголем гнев кон милитантниот ислам, особено по бомбашките напади на ИСИС и убиството на двајца војници и многумина ја обвинуваат власта дека намерно ја саботира борбата за да ги ослаби Курдите. Од министерството за одбрана на Турција објаснија дека отворањето на артилериски оган на границата со Сирија бил само за одбрана и возвраќање на напад, а воопшто не се планирани напади врз Курдската народна заштитна армија.