Tuesday, Mar 19, 2024
HomeИздвојувамеОбама не може да го порази ИСИС – Регионот во пламен

Обама не може да го порази ИСИС – Регионот во пламен

Планот на Барак Обама за поразување на терористичката армија ИСИС пропаѓа, барем така велат најновите анализи од теренот каде се води тешка мисија за собирање на борци кои ќе им се спротистават на милитантите. Американската армија и нејзиниот главен командант Обама дадоа ветување дека нема да се вклучат со свои сили во директен судир со ИСИС, туку ќе придонесат во обука на борци подржани со воздушни напади преку дронови.

kurds_2

Распашана команда

Додека ИСИС има моќна мотивација од пропагандни елементи и стабилно финансирање на своите борци, Америка и арапските сојузници се мачат да го кренат морал на ирачката и сириската армија. Од регистрираните 5600 војници, само 2000 го поминале безбедносниот процес на проверка дека не се поврзани со други терористички групи, а само 200 од нив се влезени во тренинг камповите во Турција и Јордан.

steve pentagonПентагон е загрижен

Полковникот Стив Ворен, портпаролот на Пентагон изјави: „ Се соочуваме со многу предизвици, ова е навистина тешка операција за изведување. Искрено, дојдени сме до мртва точка“.

 

 

 

Можна ли е заедничка офанзива против ИСИС

Војната со ИСИС може да има катастрофални usa iraqпоследици врз населението во Ирак и Сирија, а конфликтот може да се прошири и во соседните земји.  Досега, успех против ИСИС имаа само Курдските борци, но тие не се мотивирани да се борат рамо до рамо во регионите каде нема курдско население. Затоа, потребна е голема мобилизација и привремено помирување меѓу различните етнички и верски групи за заедничко спротиставување на одлучните борци на ИСИС.

 

 

Подготви
Христијан Станоевиќ