Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмРецензија Suicide Squad и малку за кино (не)културата

Рецензија Suicide Squad и малку за кино (не)културата

obicen covekСамо што се прибрав од кино! Прво и основно, култура у кино имаме НУЛА! Значи ако дома ви даваат да мљацкате и шмркате од кока колата, во кино сала и пред други луѓе стварно не е пристојно, чак што више и смета. Јас да сум Cineplexx MK ќе промовирам кампања од типот „како да се однесувате додека гледате филм во кино сала“ Мислам стварно, кај мириса на пуканки, такос и сосови, па уште кога ќе почнат да мљацкаат и да лижат прсти (да буквлано еден до мене си ги лижеше прстите) на човек му се одмилува и филм и кино и све.

Добро, мрчењето помина (до добро читате, мрчењето помина). Значи, оние што ме знаат лично а богами и персонално знаат дека имам така малкуцка „хејтерски“ настроена политика, илити ја и последниве неколку филмови базирани на стрип јунаци од DC comics не се сакаме, т.е не само што не се сакаме, него и не се мирисаме, или просто кажано филмовите им се тотално срање.

Е арно ама, вечерва од кино излегов насмеан, среќен и задоволен, што ќе рече дека Suicide Squad ми направи голем мерак, тотално ги задоволи моите очекувања, и дефинитивно морам да признаам дека ги задоволи моите критериуми за тоа како треба да изгледа филм базиран на суперхеројски стрип.

jared-leto-joker-suicide-squad1

Приказната стандард, Suicide squad е тим составен од негативците или ако повеќе милувате антихероите од DC универзумот. Истите ги обединува Аманда Волер која е на чело на ARGUS, со цел борба против металуѓето или во превод за борба против сите оние кои по некоја случајност или не имаат натприродни моќи и кои нели сакаат да ги искористат своите моќи за нарушување на безбедноста на граѓаните на Соединетите Американски држави а. и на останатиот свет (се надевам).

Ликовите се погодени скроз, најголем впечаток ми остави Харли Квин, како глумица изгледа прекрасно (кого лажам бе) глумицата изгледа секси, да повторам СЕКСИ, како Харли Квин изгледа СЕКСИ пута 100. Детшот илити Вил Смит исто пријатно ме изненади и морам да признаам дека ми беше така некако совршен за улогата (мислам Вил Смит бе!).

suicide-squad-cast

Додека се симињав накај гаража да си ја земам колата, едноставно се борев сам со себе да најдам макар нешто за што би можел да промчам, онака од ќеиф малку, се мислев за Џеред Лето и неговата улога на Џокер која морам да признаам дека на почетокот и не ме воодушеви многу, најверојатно поради лошиот избор на сцени во почетокот на филмот, ама после и тоа се среди и човекот едноставно си го одглуми ликот баш онака како што треба.

Визулениот дел е совршен, убави акциони сцени, хуморот на ниво, и шлагот на целава оваа приказна е дефинитивно музичката подлога. Изборот на нумери за филмот е буквано врв! Немаше еднен кадар, немаше едно парче музички дел а да не е беспрекорно искомбинирано. Така да мислам дека саундтракот од филмот ќе го вртам дома некое време.

За крај би додал дека филмов нема да направи ренесанса во жанрот, мојот скептицизам кон филмовите базирани на DC јунаците ќе си остане и понатаму, ама па дека филмов вреди и мора да се гледа е факт кој не може да се оспори.

Се разбира моја лична препорака би било да прочитате и некој стрип од серијалот, затоа што нели сепак основата за ваков тип на филмови се стриповите.

Автор: Обичен човек