Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаРатајковски пред половина месец поднел оставка од челната позиција во МРТ

Ратајковски пред половина месец поднел оставка од челната позиција во МРТ

Главниот и одговорен уредник на првиот програмски сервис на Македонската телевизија, Диме Ратајковски, поднел оставка од својата функција, потврдуваат од МРТ.

Ратајковски оставката ја поднел уште пред половина месец до советот на МРТ, а навел дека одлуката ја донел од лични причини.

Во времето на Ратајковски, како одговорен за првиот канал на јавниот радиодифузер, МРТ често беше предмет на критики за непрофесионално известување во информативната програма.