Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПрв тест за Срѓан Керим – почна првото тајно гласање за генерален секретар на ОН

Прв тест за Срѓан Керим – почна првото тајно гласање за генерален секретар на ОН

Петнаесет постојани претставници од Советот за безбедност на ОН се собираат денеска зад затворени врати за првото тајно гласање за наследник на Бан Ки Мун на чело на Обединетите нации. Изборот меѓу веќе 12-те кандидати ќе биде подолг (до октомври, прогнозираат дипломати) и посложен, бидејќи трката останува отворена.

Во трката за генерален секретар на ОН се шест мажи и шест жени, од кои осум се од Источна Европа. Покрај кандидатот на Македонија, Срѓан Ќерим, од Источна Европа се и извршната директорка на УНЕСКО, Ирина Бокова, која е кандидатка на Бугарија, поранешниот словенечки претседател Данило Тирк, поранешната шефица на хрватската дипломатија Весна Пусиќ, поранешниот министер за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ, шефот на словачката дипломатија, Мирослав Лајчак, поранешната министерка за надворешни работи на Молдавија, Наталија Герман, како и шефот на црногорската дипломатија, Игор Лукшиќ.

Од Португалија се кандидираше поранешниот висок претставник за бегалци, Антонио Гутереш, од Нов Зеланд – администраторката на програмата за ОН за развој, Хелен Кларк, од Аргентина – министерката за надворешни работи, Сусана Малкора, како и поранешната шефица на костариканската дипломатија, Кристина Фигерес. Меѓу главните претенденти се новозеландката Хелен Кларк, жената со највисока позиција во хиерархијата на ОН и аргентинскиот министер за надворешни работи Сузана Малкора, поранешен шеф на кабинетот на Бан Ки Мун.

Традицијата за географска ротација на функцијата бара постот да се преземе од претставник на Источна Европа, а се слушнаа и многу гласови, дека тој треба да се заземе од жена што би се случило за прв пат.

Непостојана членка на Советот за безбедност Украина сепак нема намера да „поттикнува само кандидати од Источна Европа“, изјави за АФП нејзиниот постојан претставник во ОН, Володимир Јелченко. „Ќе ја имаме во предвид личноста на кандидатот како целина“, рече тој.
kanditati ON generalen sekretar
Секој постојан претставник, придружен од еден дипломат, за да се спречи одливот на информации, ќе треба да му даде на секој кандидат една од следните три проценки: „поддржувам“, „не поддржувам“ или „немам мислење“. Станува збор за филтрирање што ќе ги натера кандидатите со најмала шанса да соберат поддршка да се повлечат од трката. Конечниот избор на Советот за безбедност, тогаш треба да биде утврден од Генералното собрание на ОН. Ништо сепак не го обврзува кандидатот, отфрлен од мнозинството од 15-те постојани претставници, да се повлече.

А за да се усложни уште повеќе предвидувањето – не сите гласови имаат еднаква тежина: решавачки се оние на петте постојани членки на Советот за безбедност – САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција – кои единствени имаат право на вето.

При првиот круг сите гласачки ливчиња се бели. Во одреден момент, сепак, постојаните членови ќе имаат шарени ливчиња. Кандидатот кој добил билтен со оценка „не поддржувам“, ќе биде свесен дека е блокиран, но без да знае од кого, бидејќи сè останува доверливо. И во таква ситуација, сепак, ништо не го обврзува да се откаже. Може да се случи така, што отфрлениот кандидат во даден момент може да се наложи во текот на преговорите.

Како резултат, за време на Студената војна, Русија (тогаш СССР) и САД ги блокираа меѓусебно претпочитаните од нивна страна претенденти во корист на компромисен кандидат. Во 1996 година, претходникот на Бан Ки-Мун, Кофи Анан, победи иако двапати доби вето од Франција.

Системот го фаворизира „најмалиот заеднички именител“, што ќе рече кандидатот кој најмалку ги загрижува петте големи сили, објасни дипломат.

– Данило Тирк, на пример, одговара многу добро на овој услов, рече тој.

– Тој има искуство и нема проблем ниту со Русија, ниту со Западот”, истакна постојан претставник во Советот за безбедност.

Други, пак, се прашуваат дали еден безличен и консензуален кандидат е најдобро решение за враќање на довербата во ОН, повредена поради немоќта на организацијата во Сирија и по откритието за сексуалното насилство од страна на „сините шлемови“ во Африка.

По секое гласање Советот за безбедност ќе го пријавува резултатот на секој кандидат на земјата која го предложила, но без да го изнесе јавно.

За првпат Генералното собрание наложи позната транспарентност во оваа игра „на темно“. Таа организираше серија сослушувања на кои кандидатите имаа можност да ги изложат подробно своите ставови (во некои случаи прилично тривијални) и да одговараат на прашања на дипломати и невладини организации.

Секој кандидат помина и преку интервју со Советот, повторно зад затворени врати. Според дипломатите кои присуствувале, сепак никој не ги открил своите карти.