Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаРашковски е нов генерален секретар на владата

Рашковски е нов генерален секретар на владата

Професорот Драги Рашковски од Правниот факултет е новиот генерален секретар на владата, потврдуваат извори од владата за ТВ 24 Вести.

Треба да се именува и заменик кој ќе дојде од редовите на ДУИ. Најверојатно на оваа позиција ќе остане актуелниот заменик Тахир Хани.

Сепак, според извори од Илинденска број 2, заменикот нема да биде именуван на денешната седница. На маса и смени на раководните позиции во вториот и третиот ешалон. Премиерот Зоран Заев порача дека портите на владата се отвораат за граѓаните, а најави дебата за уривање на оградата.