Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамИџе денес ќе „нагази“ и на Нирбургринг

Иџе денес ќе „нагази“ и на Нирбургринг

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе по двете возбудливи трки во ЕТЦЦ шампионатот, на патеката во Монца и на патеката Хунгароринг, денес ќе има нова шанса за докажување и тоа на култната патека Нирбургринг во Германија каде имаше солидни квалификации.

ige 1

Стефановски квалификациите во Нирбургринг ги заврши на четвртата позиција. Тоа е позицијата од која денес ќе стартува на првата трка. На првата позиција е Шрајбер со Хонда, втор е Фулин, трет Мота, а и обајцата возат Сеат.

Иџе ќе стартува од вториот ред на првата трка денес. Првите четворица се многу блиски, што е најава за интересна трка.

„Во тимот владее добра атмосфера. Посебно по одлично реализираните тренинзи вчера и денес“- изјави оптимистички Стефановски. „Се  е подготвено за трките утре, на кои очекуваме да се покажеме во моќно издание. Очекуваме добри резултати и мошне интересна трка “ додава шампионот.

Иџе има вкупно 15 бода, по двете од вкупно шесте трки во ФИА ЕТЦЦ календарот годинава. Моментално е петти на табелата, каде лидер е Швајцарецот Шрејбер со вкупно 40 бода.