Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЦветанка Иванова кандидатка за генерален секретар на Собранието

Цветанка Иванова кандидатка за генерален секретар на Собранието

Цветанка Иванова, правник и поранешен пратеник од СДСМ, е предложена за генерален секретар на Собранието на Република Македонија. Именувањето на Иванова денеска е на дневен ред на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

На дневен ред на оваа Комисија се и именувањата на замениците на Генералниот секретар на Собранието, како и членови на Комитетот за односи меѓу заедниците и други одлуки.

Во Собранието претпладнево се одржа редовниот состанок на координаторите на пратеничките групи со претседателот на Парламентот Талат Џафери. На состанокот не присуствуваа координторите на десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ.

Од кабинетот на Џафери информираат дека покана за координативната средба била испратена до координторите на сите пратенички групи.